Три нови случаи на Ковид 19 во Кавадарци
Продолжува да се зголемува бројот на нови дијагностицирани со корона вирус во Кавадарци. Од Центарот за јавно здравје денеска потрдија дека се дијагностицирани уште тројца нови позитивни.
„Се работи за медицинска сестра во стоматолошка ординација на возраст од 50 години, маж на возраст од 64 години и уште еден маж кој е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија поради хируршка интервенција. Сите тројца имале благи симптоми на вирусот поради што беше извршено тестирање. Медицинската сестра и 64 годишниот маж се на домашно лекување“ рече епидемиологот, д-р Ристе Јовановски.
Се работи на утврдување на контактите кои ги имале овие тројца ново дијагностицирани.
Вчера вирусот беше дијагностициран и кај кавадарчанка која работела во „Дрекслмајер“, но десет дена пред да биде дијагностицирана не одела на работа. Таа се сомневала дека е заразена од нејзиниот сопруг кој бил возач.
Во моментов има 12 активни случаи на корорна вирус во Кавадарци, а вкупниот број од почетокот на епидемијата е 18./A.Д