Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

vinariiДесет мали семејни винарии од Кавадарци денеска ги добија решенијата за упис во регистарот на производители на вино. Сега нивните вина легално може да се продаваат во трговската мрежа и угостирелските објкекти.

Со измената на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) се олеснија условите за упис во регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби. Малите винарници со капацитет на преработка и чување на вино до 30.000 литри годишно, наместо да плаќаат 10.000 денари надоместок за регистрација сега ќе плаќаат само 1.500 денари. Оваа мерка е во согласност со Законот за државен инспекторат за земјоделствои има за цел да им овозможи на малите винарници да плаќаат понизок надоместок од оној кој го плаќаат големите винарии кои произведуваат поголеми количини и кои остваруваат голем профит.

„На барање на малите семејни винарии во чија традиција е производството на вино, изминатиов период направивме неколку измени на закони и подзаконски акти, меѓу кои е и измената на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство, со што се олеснија условите за упис во регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби. Токму намалувањето на трошоците за регистрација беше мотивација за многу физички лица кои во домашни услови произведуваат вино, да почнат да се регистрираат во регистарот на производители на вино, а со тоа на легален начин, можат да го пуштат во промет произведеното вино“ изјави мнинистерот Димковски.

Со оваа измена придонесовме висината на трошоците да соодветствуваaт со капацитетот за производство и чување на произведеното вино во винаријата. Малите производители на вино кои имаат семејни винарници сега се ставени во законска рамка.

Минатата недела започна поднесувањето на барања за упис во регистерот, а денеска во Кавадарци, министерот Димковски официјално им ги врачи решенијата за упис на неколкумина од членовите на здружението Тиквешки Семејни Винарии, кои први поднесоа барања за регистрација. Ова здружение има околу триесетина членови, со вкупен капацитет од над 100 тони вино годишно.

До овој момент регистрирани се вкупно 9 физички лица и едно правно лице, а оваа бројка наскоро ќе биде уште поголема.

Продажбата на вино од фарма претставува тековен тренд во светски рамки. Сите мали винарии во чија традиција е одгледувањето на вински сорти на грозје од кое во домашни услови на традиционален начин се произведува вино, со легализацијата на нивното производство ќе придонесат да се збогати   понудата на пазарот.

Сето ова за крајна цел има развој на винскиот и руралниот туризам, што пак од друга страна ќе влијае на развој на домашните мали бизниси, зголемување на земјоделското лозарско и винарско производсто. Ваквиот развој директно ќе влијае на раст на македонската економија во целост./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново