33 единици крв 0+ собрани на вонредна крводарителска акција во Кавадарци
Објавено на 24 септември, 2020 во 12:11
24.09.2020
Уште една успешна вонредна крводарителска кација беше реализирана во Кавадарци.
Крводарителите од Кавадарци успешно одговорија на повикот на Црвен крст Кавадарци да се дарува крв од крвна група 0+ поради дефицит од оваа крвна група на државно и локално ниво.
„Денес реализирани се 33 крвни единици од оваа крвна група. Крв се даруваше во кабинетот за трансфузиологија Кавадарци“ информира претседателот на ОО на Црвен Крст, Димитар Каракулев.
А.Д