18 ковид позитивни згрижени во кавадаречката болница, една жена почина
Објавено на 27 октомври, 2020 во 09:38
27.10.2020
Жена на возраст од 65 години од Кавадарци која била хоспитализирана во ковид одделението, на пат кон Скопје, ја загубила борбата со корона вирусот. Таа покрај вирусот имала и сериозни коморбидитети, информираа денеска од кавадаречката болница.
„Во моментов хоспитализирани се вкупно 18 пациенти со средно тешка клиничка слика и засега сите се стабилни“ рече директорот на болницата, д-р Диме Коцев.
Тој повторно апелираше до граѓаните да бидат одговорни и да покажат зрело однесување, во овој период кога здравствените работници водат битка за да го зачуваат животот на секој пациент. Вели, најважно е да се почитуваат превентивните мерки, да нема групирања, да се носат маски и да се мијат рацете./А.Д