25 нови позитивни во Тиквешијата – Позитивна наставничка и медицински работници
Објавено на 28 октомври, 2020 во 12:55
Продолжува да се зголемува бројот на нови позитивни на корона вирус во Тиквешијата. Денеска се дијагностицирани 25 нови случаи.
Од нив 18 се во Кавадарци, 6 во Неготино и 1 во Росоман. Заразените се на возраст од 8 до 71 година.
” Меѓу позитивните имаме наставничка од основно училиште. Во изолација се 22 ученици и 2 наставници. Има позитивни и медицински лица од Кавадарци” рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
На ковид одделот во Кавадаречката болница се хоспитализирани вкупно 20 пациенти, а има уште три слободни кревети./А.Д