Нов рекорд: Нов 51 случај на ковид 19 во Тиквешијата

Објавено на 4 ноември, 2020 во 15:41

CJZ

04.11.2020

Значителен пораст на активните ковид позитивни се бележи денеска во Кавадарци. Во последните 24 часа се дијагностицирани 39 нови позитивни случаи на корона вирус, потврдија од Ценатарот за јавно здравје.

„Позитивните се на возраст од 8 до 86 години. Меѓу нив има 2 здравствени работиници и ученик, второоделенец во кавадаречко основно училиште. Во изолација се 18 ученици и 2 наставници. Исто така меѓу позитивните има и наставничка од подрчачно училиште во Кавадарци, поради што во изолација се 7 ученици“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

Во Неготино се дијагностицирани 11 нови случаи на возраст од 26 до 76 години, меѓу нив и еден здравствен работник,  а во Демир Капија еден случај на возраст од 60 години.

На ковид одделот во кавадаречката болница хоспитализирани се вкупно 33 пациенти со средно -тешка клиничка слика. Сите се во стабилна состојба – информираат од болницата./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.