Moбилна чекална со затоплување за ковид пациенти во кавадаречката болница (видео)
Објавено на 16 ноември, 2020 во 13:12
16.11.2020
Од денеска во кругот на болницата пред инфективната амбуланта во кавадаречката болница е поставена мобилна чекална со затоплување за ковид пациенти.
Целта е да се обезбедат подобри услови за пациентите кои чекаат за преглед во инфективната амбуланта – велат од болницата.
За еден месец од почеток со работа на ковид одделот во болницата примени се вкупно 102 пациенти. Излекувани се 35, 18 препратени на инфективна клиника, починале 16 пациенти со сериозни коморбидитети – информираше директорот на болницата д-р Диме Коцев./A.Д
