Грант поддршка за две семејни винарии од Кавадарци
Објавено на 3 март, 2021 во 13:11
03.03.2021
Петре Пешков и Блаже Стојановски од Кавадарци се денешните потписници на грантови за млади земјоделци. Со неповратната финансиска поддршка од 20.000 евра тие ќе набават опрема за своите семејни винарии односно пневматски преси, иноксни садови, мелачки за грозје, пумпи и опрема за флаширање.
„Преку програмата за рурален развој која ја имплементира Платежната агенција финансиски ќе се подржат 265 млади земјоделци, за кои се одвоени 3.1 милиони евра. Само со вложување во младите и поддршка на нивните бизнис идеи можеме да ги задржиме онаму каде што припаѓаат. Да живеат, работат и создаваат дома. Продолжуваме со креирање на политики и мерки за развој на младинското претприемништво во аграрниот сектор“ изјави директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски./А.Д