Над 70 илјади гости за време на Тиквешкиот гроздобер 2022
Објавено на 16 септември, 2022 во 14:01
25 илјади литри бело и црвено вино се испиле во Кавадарци за време на стопанско туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер 2022“, а содржините ги проследиле околу 70 илјади гости – информираа денеска од општина Кавадарци.
– Имавме успешни и исполнети три дена, културни, забавни и музички содржини. Имавме програма за сечиј вкус. Успешен карневал, гости и делегации од секаде, и секако од државниот врв. Имавме успешен Тиквешки Гроздобер и затоа во знак на почит и благодарност, на сите кои имаа било каков придонес во испишувањето на оваа приказна под отворено небо денеска им беа врачени благодарници – изјави Јанчев на денешното доделување на благодарници.
Тиквешкиот гроздобер се одржа од 9 до 11 септември.
Ангел Данов