Силен дожд ги поплави улиците во Кавадарци

Објавено на 25 август, 2022 во 09:41

Невреме со интензивен пороен дожд синоќа го зафати Кавадарци и околината. За кратко време наврна голема количина дожд поради што улиците се претворија во реки.

Од општината информираа дека од граѓаните  биле пријавени неколку поплавени подрумски и приземни простории. Екипи на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ „Кавадарци“ во текот на ноќта работеа на отстранување на последиците од невремето на најкритичните локации.

И денеска се продолжи со чистење и перење на улиците.

За неколку дена ова е второ силно невреме во кавадаречко.

Aнгел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.