Женско е првото родено бебе во Кавадарци во новата година (видео)

Објавено на 1 јануари, 2022 во 16:26

Женско е првото родено бебе во Новата Година во Кавадарци. Во 00:05 часот се роди Дарија, првото бебе во семејството на Викторија и Дарко Јанкулов од Кавадарци.

Дарија е родена со тежина од 3750 грама и 53 сантиметри. И мајката и бебето се во одлична состојба.

Денеска гинеколошко-акушерскиот оддел го посетија градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев и директорот на болницата д-р Диме Коцев.

Директорот на болницата информира дека претходната година на гинеколошко-акушерскиот оддел во кавадаречката болница се родени 320 бебиња.

А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.