Од денеска кавадарчани на телефонскиот број 13 300 ќе можат да ги пријавуваат сите проблеми со кои се соочуваат, а за кои надлежна е општината и јавните претпријатија. Денеска и официјално беше претставен новиот проект кој го реализира Локална самоуправа Кавадарци. Повикувачкиот центар ќе работи 24 часа, седум дена во неделата.
Министерството за земјоделствто на состанок со лозарите дополнително ќе ја утврдува висината на интервентната мерка со која државата ќе ги поддржи производителите на грозје. Министерот Димковски денеска од Росоман најави дека во разговорите ќе се согледа и загубениот принос поради сушата.
Над 65.000 посетители за третата вечер од манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ и испиени над 25.000 литри вино. Ова е сублиматот од годинашната приказна под отворено небо што три дена се случуваше во Кавадарци.
Уште една успешна карневалска приказна под отворено небо испиша Кавадарци. Вчера се одржа традиционалниот карневал во кој учество земаа четериестина карневалски поставки со над 1000 учесници.
Манифестацијата во чест на грозјето и виното, Тиквешки гроздобер во Кавадарци започна. Бројни настани се на програмата за годинашната приказна под отворено небо.
Лошите состојби во лозарството и сеуште не познатата цена за откуп на винското грозје ги изнесоа вечерва лозарите на протест. Тие го исполнија градскиот плоштад, од каде упатија порака, дека нема да прифатат пониска цена за винското грозје од 16 денари.