Снежната покривка од 15 до 60 сантиметри која падна на територијата на општина Кавадарци не предизвика посериозни проблеми во сообраќајот. Општината, особено економскиот оператот, компанијата „Ја-Ми“, задолжена за зимското одржување на улиците и латиштата, одговорно и сериозно приистапија кон задачата. Со ангажманот на терен, тие ниту во еден момент не дозволија и најмал застој на сообраќајот, како по градските улици, така и по локалните патни правци.

Во наредните денови стручни лица ќе вршат проверка на окцата на ластарите кај виновата лоза, со цел да се утврди процентот на мрзнење на ниските температури.

Има ли мрзнење и во колкав  процент е измрзнувањето на виновата лоза е прашањето што  деновиве го поставуваат лозарите во Тиквешијата по екстрамно ниските температури кои ја зафатија земјава. Одговорот за нив е поразителен.  Според стручните лица штетите се огромни речиси во сите лозови насади во тиквешко.

Кавадарци, Неготино и Росоман вчера останаа без вода за пиење. Како што информираа од ЈП Комуналец прекинот во водоснабдувањето бил поради поларните температури од кои замрзнале хидро објекти на водоводот Лукар.

Од 12 до 20 сантиметри е снежната покривка во Кавадарци и околината. Снежниот бран за момент го прочисти воздухот и ќе го намали ширењето на грипот. Од прес службата на општина Кавадарци добивме информација дека сите патни правци се проодни, но сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови.

Грипот зема се поголем замав во Кавадарци. Последната недела во Центарот за јавно здравје биле евидентирани 1024 нови случаи на грип. Ова не е реална бројка бидејќи многу од болните се лекуваат во домашни услови,  велат лекарите.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново