Првото бебе родено во Кавадарци во новата година е на семејството Јованови од Кавадарци. Мајката Христина донесе на свет здраво машко бебе, тешко 3630 грама. со должина од 51 сантиметар.

13 милиони евра ќе тежи општинската каса за 2017 година. Советот на општина Кавадарци со 13 гласа „За“, 4 „против“ и 1 „воздржан“ го усвои буџетот за следната година.

Масовно започна да се шири грипот во изминатата недела, велат лекарите. Променливото време е иделано за ширење на ова вирусно заболување, додаваат тие. Значително зголемување на бројот на болни од грип има во изминатата недела. Матичните лекари во Центарот за јавно здравје пријавиле 319 нови заболени.

Лозарите во среда ќе го блокираат Основен суд Велес. Ваква најава денеска стигна од регионалниот сојуз „Агротиквешија“. Како што најави претседателот Љупчо Аризанов, се одлучиле на ваков чекор, бидејќи за во среда било закажано рочиште за отворање стечајна постапка за винарската визба „Повардарие“. Аризанов е дециден, со блокада ќе се обидат за момент да го одложат стечајот бидејќи лозарите имаат побарување од неготинската визба над 5 милиони евра за предадено грозје.

Ротари клуб од Кавадарци ја продолжува традицијата, да помага во заедницата, таму каде е најпотребно. Годинава, по седми пат се одржа донаторска забава во ресторан „Бриони“.  На едно место беше собрана бизнис заедницата од Кавадарци.

Во текот на ноќта, 12 часа пожарникарите се бореа со огнената стихија која зафатила дел од пилана лоцирана во поранешниот дрвен комбинат „Страшо Пинџур“.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново