Петнаесет  дена по ред кавадарчани дишат загаден воздух. ПМ10 честичките се континуирано над максимално дозволените 50 микрограми на метар кубен, покажуваат резултатите од мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Триесет дневен притвор за четириесет и едно годишниот М.А. од Кавадарци, кој во ноември годинава ја силувал сопствената ќерка. На претпоследниот ден од месецот, во периодот од 19 до 21 часот, во семејната куќа во Кавадарци, тој и се заканил со нож и ја силувал дванаесет годишна ќерка.

Полицијата информира дека од Општинската изборна комисија во Кавадарци била извршена кражба. Биле одземени три УВ-ламби, неколку перничиња за печати, пенкала кои се користеле за гласањето и линијари.

Во Кавадарци вчера се гласаше на 60 избирачки места. Регистрирана е рекордна излезност на граѓаните. Гласале 25.693 граѓани или 79,13% од вкупниот број избирачи.

Кавадарчани и струмичани кои работат во Италија, вчера гласаа во конзулатот во Местре, Венеција. Оваа фотографија направена пред конзулатот ни ја испратија семејството Симонови од кавадаречкото село Возарци. На сликата се заедно со соседи струмичани.

По одржаните средби со двете најголеми политички партии во земјава во рамки на предизборната кампања за предвремените парламентарни избори, денеска во јавноста се произнесе претседателот на Регионалната стопанска комора Кавадарци, м-р Митко Јанчев. Тој информира дека на средбите  политичките партии ги презентирале своите програми во делот на економијата, која што и најмногу ги засега бизнисмените.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново