Поради обилните врнежи од дожд со кои беше зафатен и нашиот регион дојде до заматување на водата за пиење од водоводниот систем Лукар. Поради тоа водата е со жолта боја. Од Центарот за јавно здравје Кавадарци апелираат до граѓаните на Кавадарци пред употреба, водата задолжително да се проврива.

Се зголемува интересот за органско лозарство кај тиквешките лозаропроизводители. Веќе се евидентирани 40 хектари под лозов насад каде се применуваат органски техники на производство.

Иако продолжува променливото време со варијации во температурата сепак во Центарот за јавно здравје Кавадарци се евидентирани помалку заболени од грип.

Прилагодете ја брзината и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи е пораката што на учениците од основните и средните училишта од Кавадарци им ја упати двократниот европски првак во ридски трки, Игор Стефановски – Иџе. Под мотото  „Шапионот обединува – насмевка, живот, едукација“, денес, во спортската сала Јасмин  се  одржа едукативен час за безбедноста во сообраќајот.

Уште еден хуманитарен потег  реализираа жените од локалната самоуправа Кавадарци. Парите наместо за осмомартовска забава ги одвоија за набавка на машина за садови, правосмукалка и спортска опрема за децата од мал групен дом во Кавадарци, каде се сместени деца од семејства во социјален ризик.

Компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци заедно со двократниот европски првак во автомобилизам Игор Иџе Стефановски ќе ги советуваат и едуцираат младите за поголема безбедност во сообраќајот. Кампањата се реализира под мотото „Шампионот обединува насмевка, живот и едукација“.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner