Продолжуваат препукувањата меѓу власта и опозицијата за зонското паркирање во Кавадарци. Денеска од СДСМ Кавадарци поставија неколку прашања до градоначалникот Александар Панов по неговата вчерашна реакција на прес конференција, одговарајќи на претходни обвинувања од опозицијата.

За градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, обвинувањата од опозицијата дека проектот за зонско паркирање е штетен за граѓаните,  се обично замајување на јавноста од советникот Горан Белевски и СДСМ. Тој тврди дека постапката се спроведувала согласно законските прописи и за зонското паркирање била изготвена документација и анализи.

Социјалдемократите од Кавадарци реагираат на одлуката на кавадаречкиот совет донесена на последната седница, која ги опфаќа цените за зонско паркирање во градот. Според СДСМ кавадарчани ќе плаќаат најскап паркинг во Македонија, бидејќи градоначалникот избрал погрешен модел, јавно приватно партнерство, наместо јавно претпријатие.

За разлика од минатите години кога последните денови од рокот за поднесување на барања за субвенции се создаваа големи гужви пред подрачната единица на МЗШВ во Кавадарци, годинава тоа не е случај. На само два дена пред крајниот рок веќе најголем дел од земјоделските производители си ја завршиле работата со апликациите.

Владеачкото мнозинство во кавадаречкиот совет денеска утврди нови  цени  кои ќе треба да ги плаќаат кавадарчани за зонско паркирање,  по започнување со реализација на проектот за јавно приватно партнерство.  За еден час паркирање во периодот од 07 до 24 часот ќе се плаќа по 30 денари, а секој нареден час ќе биде поскап за 10 денари од претходниот. Наместо до 22 часот, зонско паркирање согласно денешната нова одлука на советот ќе се плаќа до 24 часот.

Милан Василев на возраст од 62 години од селото Ваташа е исчезнат од вчера наутро. Од неговото семејство апелираат до сите граѓани кои имаат било каква информација за Милан да се јават на телефонскиот број на семејството 071-250-875.

Милан на себе носи сини тренерки и жолто-бела блуза со долги ракави, влечки и бастун. Нема ориентација за време и простор.

Семејството веќе интензивно трага по Милан.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново