Кривична пријава за кавадарчанец кој физички си ја нападнал девојката и извршил обљуба врз неа
Објавено на 18 јули, 2024 во 13:47
Одделение за внатрешни работи Кавадарци до Основно јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против триесет и три годишниот А.Х од Кавадарци поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ казниво по член 186 став 1 од Кривичниот законик.
Како што пишува во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес, кавадарчанецот на 09 јуни годинива во хотел во Кавадарци физички нападнал и извршил обљуба врз 26 годишна жена од Кавадарци со која бил во врска.
На 2 јулу А.Х е лишен од слобода и по документирање на случајот му е поднесена пријава.
Дума.мк