(Видео и фото) Летаа учутми, утрово, педесеттина ученици од велешките основни училишта
Откако ги направија со менторска поддршка на своите наставници, утрово, на плато на Спомен костурница дојдоа и учеа како да летаат учутми. Педесеттина ученици на четирите основни училишта „Кирил и Методиј“, „Панко Брашнаров“, „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“ раскажаа како е да се направи и да се лета учутма.
Сите беа помалку или повеќе вештии во разлетувањето на учутмите.
Целта на иницијативата „Време на летала“ потекна од советничката група на „Левица“ во Совет на Општина Велес кој финансиски, со 30 илјади денари, ги поддржа како изработувањето на учутмите така и денешниот настан на летање. Учениците со поддршка на своите наставници изработија вкупно 75 учутми а денеска учеа како да ги летаат.
Учутмите ќе останат во училиштата и ќе ја чекаат новата учебна година како и продолжување на веќе започнатата иницијатива со ново создаден број на учутми и наредно нивно летање во Велес.
Денешниот настан го реализираа Општина Велес, Младински центар Велес и Фондација „Фокус“.
Убавка Јаневска