Локалниот претседател на Левица, Димитар Абрашев сослушан во велешкото обвинителство
Јавното обвинителство Велес, денеска, постапувајќи по пријавата на пратеникот Ненед Коциќ за објавата на статус со навредлива содржина против него на официјалната фејсбук страна на локалниот Огранок на Левица во Велес. По сослушувањето Абрашев во изјава за медиумите соопшти дека фејсбук статусот се однесувал за „предавничкото гласање за францускиот предлог“ и бил партиски политички став.
-Нашиот политички став, кој е јасен, се однесува на секој што работи против интересите на македонскиот народ и е предавник. За да биде иронијата поголема истиот лик, на истата објава, во своите коментари користи исти зборови како во нашата објава, но и неточни обвинувања.За поднесената пријава против мене за ставовите на партијата, против Ненад Коциќ поднесовме пријава до МВР за к.д. ,,лажно пријавување”, но нашата пријава беше отфрлена, што значи дека институциите се длабоко партизирани, рече Абрашев.
Тој соопшти дека според Левица обвинителството немало основ за поведување понатамошна постапка.
-Сакам да им порачам на предавниците дека нема да подлегнеме на притисоците.Тие само ни даваат дополнителна мотивација, уште пожестоко да се бориме против сите неправди што ги имаат направено. Нивното време полека но сигурно завршува, а кога ќе заврши нивната политичка моќ, ќе одговараат за сите злодела што и ги имаат нанесено на Македонија, додаде Абрашев.
Убавка Јаневска