Мајка ја бара својата малолетна ќерка која избегала од средношколски дом

Објавено на 19 јуни, 2024 во 12:20

Четириесет и пет годишна годишна жена од Кавадарци, вчера во Полициска станица на ОВР Кавадарци, пријавила дека во четврток, 6 јуни 2024 нејзината седумнаесет годишна ќерка Д.З. се одјавила од средношколскиот интернат и заминала кај две години постарото момче К.Ѓ кое живеело во Битола.

Загрижената мајка неколку пати стапила во контакт со малолетната ќерка која потоа престанала да и одговара на телефонските повици. До пријавувањето на овој случај во полиција малолетничката не се вратила дома.

-Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.