Маж се повредил со машина во село Клуковец и физички нападнати полициски службеници во Велес

Објавено на 17 ноември, 2024 во 12:36

Четириесет и пет годишниот Р.Т. од село Клуковец додека работел со земјоделска машина, во сопствениот двор, се повредил и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Интервенирале и пожарникарите од Територијална противпожарна единица Велес при одглавувањето на ногата на човекот од земјоделската машина во неговиот двор.

-Според пријавеното во СВР Велес,во саботата, на 16 ноември, во 16:20 часот, машината му го фатила стапалото, кое му било ослободено од екипа на Територијална противпожарна единица од Велес. Известен бил јавен обвинител, а екипа од СВР Велес излегла на местото, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.

Два и пол часа подоцна полициски службеници на СВР Велес ги лишиле од слобода З.Н.(34) и Д.Н.(41), двајцата од Чашка, затоа што на улица „8 Септември“ во Велес физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени задачи. Двајцата напаѓачи биле приведени и задржани во Полициска станица Велес, известен бил јвен обвиител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, пишува во полицискиот билтен.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.