Млад Велешанец тешко повреден е во сообраќајка во Велес и ноќеска итно пренесен во Клинички центар Скопје

Објавено на 27 јуни, 2025 во 11:58

Сообраќајната несреќа се случила, ноќеска, околу 23:00 часот, на улица „Вардарска“ во Велес, кога патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(21) од Велес, излетало надвор од коловозот во населба Шорка.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле неговите сопатници А.Д.(20), Ш.Р.(19) и уште една малолетна сопатничка, сите од Велес, констатирани во Општата болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.

Во несреќата возачот е најтешко повреден потврди и др Ванчо Граматов, специјалист хирург, портпаролот на Општа болница Велес.

-По укажаната лекарска помош во велешка болница, извршени прегледи, снимања и констатирани скршеници на черепот на пациентот Т.Б извршен е негов итен транспорт во Клинички центар во Скопје, додаде др Граматов.

Лекарот, исто така, информираше дека кај останатите тројца учесници во сообраќајката се констатирани полесни телесни повреди за коишто им била укажана лекарска помош за потоа да бидат пуштени на домашно лекување.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.