Нападнат чувар кај патот во изградба Градско-Прилеп, украле нафта од товарно возило

Објавено на 1 јули, 2022 во 13:10

Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, три часа по полноќ, било пријавено дека на автопатот Велес – Градско, на 25 километри кај патот во изградба Градско – Прилеп, бил нападнат вработениот којшто вршел обиколка на местото од страна на едно лице додека други две лица, во тоа време, одзеле нафта од товарно возило.

Од СВР Велес информираат дека увид на местото извршила екипа на СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.