od srce za zoki

08.04.2021

Здружението на велосипедисти „Антигонеа Бајкинг״ - Неготино во соработка со Црвен Крст- Неготино, оваа недела, со почеток од  11:00 часот, организираат велосипедски хуманитарен настан, со цел собирање на потребните парични средства за лекување на Зоран Темелков од Неготино, кој итно треба да го продолжи своето лекување во приватната клиника „Жан Митрев״ – Скопје.

bolnica negotino

01.04.2021

Состојбата со пандемијата предизвикана од Ковид -19 во општините Неготино и Демир Капија е исклучително тешка, а овој регион е најинтензивно жариште во државата веќе подолг период. Како што стои во извештајот на Институтот за јавно здравје, овој регион се наоѓа во црвена зона, што значи дека постои широка трансмисија на вирусот.

eko tura 1

29.03.2021

Во организација на здружението на велосипедисти „АНТИГОНЕА БАЈКИНГ ״– Неготино, викендов се одржа првата  „Еко- тура״, еколошка велосипедска тура. На истата учество земаа над 30 велосипедисти од општините Неготино и Демир Капија. Оваа „Еко- тура״ започна од „СРЦ - Младост״ во Неготино , а по кружење на населените места Пепелиште и Криволак, истата заврши пред Спомен - костурницата во градот.  

Освен возење со велосипед,  еко – турата имаше повисока цел, односно подигнување на еколошката свест кај граѓаните, преку пошумување и разеленување на градот.

Имено, по завршување на возењето, со почитување на сите здравствени протоколи за заштита од пандемијата, беа засадени над 40 нискостеблести и високостеблести дрвја, токму на паркот Спомен – костурница, место кое претставува природно катче за рекреација на многубројни граѓани. Садниците беа обезбедени од самите велосипедисти, но и со помош на здружението на граѓани „Ековита, Општина Неготино и останати поединци, вљубеници во природата.

eko tura 2

- За жал, требаше да се случи оваа пандемија, за да ја сфатиме суштината на нашето живеење. Сметам дека ние луѓето, како социјални суштества, го одбравме потешкиот начин да научиме дека всушност ние и припаѓаме на  природата, а не таа на нас. Ние како велосипедисти од Неготино и Демир Капија, преку организирање на оваа „Еко- тура״, решивме на наш начин да се заблагодариме за тоа. Ова е прва, но не и последна организација на ваков настан кој обединува два клучни сегменти кои се важни за нашето здравје и севкупно живеење. Им благодариме на сите кои придонесоа за одржување на овој настан, ова нека биде само мала најава за нашите идни активности, со крајна цел зачувување и негување на природните реткости, вели Ристе Јанев, претседател на новоформираното здружение на граѓани „АНТИГОНЕА БАЈКИНГ ״– Неготино.

ekotura3

Од здружението најавија дека планираат оваа „Еко- тура״ да премине во традиција и истата да се организира секоја година, како најава за почетокот на пролетта.

Мите Јаначков

Kovid 19

Веќе подолг период Неготино и Демир Капија се најинтензивни жаришта на Ковид -19 во државата, а тоа го потврдува и неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

zlatko penkov

19.03.2021

Денес, во просториите на објектот „Желкова куќа״ во Неготино, беше отворена локална пратеничка канцеларија наменета за комуникација, прием и средби на граѓаните со пратеникот Златко Пенков кој доаѓа од редовите на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.

Kovid 19

Едно лице од Неготино ја изгуби битката со коронавирусот во текот на изминатото деноноќие.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново