Неготино без струја
Објавено на 13 декември, 2016 во 11:47
Неколку часа денеска Неготино, Криволак и Дуброво се без електрична енергија.
Од ЕВН Македонија ни потврдија дека прекинот во електро снабдувањето бил поради испад на 110 киловолтна трафостаница. Нивни екипи работеле на отстранување на дефектот уште од 6 часот наутро,но неможеа да дадт прецизна информацијата кога ќе биде нормализирано снабдувањето со струја.
Поради прекинот на струјата утринава децата не беа примени во градинка. Како што објаснуваат од градинката 300 деца не биле примени затоа што немало услови за нивно згрижување.
А.Д