Потег за намалување на аерозагаденоста: Музеј на град Неготино доби нови клима уреди
04.02.2021
Во рамки на Јавниот повик за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – опрема, Музејот на град Неготино од страна на Владата на РСМ доби два нови клима уреди со номинален капацитет за ладење од 16,12 kw и номинален капацитет за греење од 18,17 kw.
Овие уреди се препорачуваат како решение за климатизација на големи деловни и станбени простории, притоа овозможувајќи многу погодно ладење и греење и заштита на животната средина според стандардите на ЕУ.
Со инсталирањето на клими од ваков тип, покрај заштеда на електрична енергија и заштита на животната средина, ќе се создадат услови за непречен престој и одвивање на активности и настани во просториите на Музејот.
Климите се со капацитет за затоплување на простор од 200 метри квадратни и истите се планира да се инсталираат во неготинскиот Музеј каде се сместени археолошката и историската постојана поставка на вториот спрат на објектот, со што ќе се создадат неопходните услови за непречено одвивање на активностите во секое време од годината.
Мите Јаначков