(Обновено)Бебе во тешка здравствена состојба оставено на пеколнава жештина во центар на Велес
Бебето го пронашол случаен минувач и го однел во Општа болница Велес. Лекарите го пријавиле случајот во Полициска станица Велес. Според исказ на лекарка од болницата неговата здравствена состојба е тешка и дополнително се чекаат резултати од здравствено испитување.
-Лекарката ги информирала полициските службеници дека по кратко време од приемот на новороденчето во болницата дошла С.К., на околу 20-годишна возраст, и се претставила дека била мајка на бебето, но потоа ја напуштила болницата, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.
Според полицијата бебето е пронајдено вчера, околу 17: 40 часот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Како што дознава Дума.мк бебето било на возраст од 7 месеци и тежело само 4 килограми. Било примено во болница со бројни рани по телото. Случајниот минувач во косултација со лекарскиот тим ги набавил првите количини на памперси, средства за нега, сокови и други потребни работи за нега, за време на болничкиот престој. Според изјавата што ја даде за Дума.мк итната организација на здравствените работници на Детско одделение, од дежурната лекарка, медицинските сестри, негувателки и лекари од останатите болнички одделенија, биле пресудни бебето да остане живо.
Убавка Јаневска