Од крената рака до притискање на едно копче

Објавено: 17 септември, 2026, во 14:08 часот

Советот на Општина Велес продолжува со модернизација на работата. Пред повеќе од 20 години лаптопите ја заменија хартијата, а сега технологијата го менува и начинот на пријавување за збор, за реплика, за контра реплика и за гласање.

Наместо кревање на рака, советниците притискаат едно копче и гласаат. На екран во општинската сала се прикажува кој советник како гласал. Претседателот Даниел Јаневски го промовираше технолошкиот исчекор на 15 седница на Совет на Општина Велес кој треба да донесе побрза и поефикасна работа на седниците.

„На оваа седница, за прв пат, воведуваме електронски систем за гласање, следење на говорот, пријавување, реплика и контра реплика. Оваа седница ќе биде пробна за сите да се навикнеме на новиот систем. Ќе работиме паралелно и со електронско пријавување и со гласање,“додаде Јаневски.

Последната, 15-та Седница на Совет на општина Велес, помина без проблеми беше првата, иако имаше и комбинирано гласање поточно со кревање на рака и со примена на системот за електронско.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.