Кои три улици ќе ги реконструира Општина Чашка со пари на државата?
Објавено: 3 август, 2022, во 11:09 часот
На јавниот повик за реконструкција на улици во проектот за „Поврзување на локaлни патишта во општините” на Министерството за транспорт и врски, општината, конкурирала со проекти на територијата на Чашка.
Трите проекти се одобрени и за нив општината ќе добие 812 илјади евра. Со овие финансиски средства, до крајот на годината, ќе може да ги реконструира двете улици „Ацо Шопов“ и „Коста Кирков“ во Чашка како и една улица во село Мелница.
Средствата за реконструкција на конкретните улици се обезбедени од Владата на Република Северна Македонија, преку проектот за подобрување на локалните улици и патишта кој е со вкупна вредност од 70 милиони евра.
„Целта е подобрување на урбаното живење во рамки на општините заради локален економски развој и подобрување на животот на граѓаните,“ соопштија од Министерството за транспорт и врски.
Убавка Јаневска


