Oпштина Велес распиша јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купен велосипед

Објавено на 16 јули, 2024 во 15:07

Петта година по ред Општина Велес објавува повици за субвенционирање на велосипеди, сончеви колектори и инвертер клими за кои годишно обезбедува по 500 илјади денари субвенции кои во целост се искористуваат од страна на граѓаните кои аплицираат за добивање на субвенции, информираат од Општина Велес.

Граѓаните коишто ќе купат велосипед од денот на објавување на јавниот повик, поточно од 10 јули заклучно со 7 август, годинава, можат да аплицираат и дел од трошоците направени при купување на велосипедот да им бидат субвенционирани. Поточно, локалната самоуправа на барателот ќе му надомести дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.500 денари по лице со вклучен персонален данок на доход.

Изборот по јавниот повик ќе се реализира по принципот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“. Право на субвенционирање на дел од средствата за купување на велосипед имаат физички лица кои се жители на Општина Велес и кои ги исполнуваат условите од точката 3 од овој јавен повик.

Право на учество, условите коишто треба да се исполнуваат како и доставувањето на документите можете да ги прочитате на линкот објавен на веб страната на Општина Велес – кликни тука.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.