Падна дрво на патот во велешката населба Шорка, сообраќајот е блокиран

Објавено на 5 август, 2021 во 17:42

-Не се мине со автомобил а камоли со поголемо возило, велат очевидци на паѓањето на дрвото. Стеблото лежи на коловозот на регионалниот пат којшто мине низ оваа велешка населба и го блокира сообраќајот. Среќна околност е што при паѓањето на дрвото на патот немало возила во движење.

Граѓани веќе пријавиле во полиција. Потребно е возачите  што ќе го користат овој пат за влез во Велес да ја прилагодат брзината на движење на автомобилите.

Се очекува интервенција и отстранување на паднатото дрво.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.