Падна на тротоар и почина маж во Велес

Објавено на 11 август, 2022 во 18:27
Фото: Местото на немилата случка во Велес

Шеесет и шест годишен велешанец, на кој најверојатно му се влошила здравствената состојба, попладнево, околу 16:20 часот, паднал и починал на тротоар на централната градска улица „8 Септември“ во Велес. Очевидци пријавиле во Итна медицинска помош чија медицинска екипа излегла веднаш, но не можела да му укаже помош туку само да констатира смрт кај паднатиот маж.

-Пациентот во 16: 22 минути не го затекнавме жив. Не можевме да интервенираме туку само да констатираме не насилна смрт. На лице местото веќе беа присутни полициски службеници. Екипа на Крим техника направи увид и зема изјави како од нас, медицинските лица, така и од очевидци на паѓањето на мажот. Бидејќи не можеше да се прецизира причината за настанувањето на смртта за случката беше информиран и Јавен обвинител. Исто така беше откриен и идентитетот на починатиот. Полицијата го информира семејството. На местотот на немилиот настан дојде неговиот син. Од него бевме информирани дека станува збор за хронично болен маж со дијабет и кардиоваскуларни здравствени проблеми, рече д-р Славица Нешова Пановски.

Една од причините за настапувањето на смртта кај велешанецот може да биде топлото и облачно време кое влијае врз здравствената состојба на хронично болните граѓани. Затоа лекарите советуваат овие граѓани да избегнуваат излегување од домот во временски интервал од 11 до 17 часот во текот на денот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.