Почина 47 годишен велешанец од Ковид-19
Објавено на 20 август, 2021 во 14:33
Претпладнево, починат е пациент на 47 годишна возраст од Велес, кој е лекуван 4 дена на Инфективно одделение, ковид позитивен, невакциниран.
Во велешката болница претпладнево, почина пациент на 47 годишна возраст позтивиен на ковид-19. Тој бил лекуван четири дена на Инфективно одделение и не бил вакциниран.
Во моментов во велешката болница се хоспитализирани 20 пациенти од кои 16 се потврдени позитивни и четворица се сомнителни на Ковид-19.
Од болничките пациенти девет се на кислородна поддршка. До вчерашниот ден во Велес има 78 заболени граѓани од коронавирусот.
Стефани Манева