Почина маж од Ковид-19 во велешка болница, новозаболени 22, оздравени 12 и активни 305 случаи
Објавено на 23 септември, 2021 во 22:49
Починатиот е маж на 75 годишна возраст. Денеска во болницата вкупно се хоспитализирани 61 пациенти. Од нив 47 се потврдени позитивни, шест се сомнителни и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 24 пациенти.
На Инфективно одделение се лекуваат 34, во Модуларна болница 21 и на Интерно одделение шест пациенти.
Од болницата денеска испишани се девет пациенти, како оздравени, со по еден негативен тест.
Институтот за јавно здравје соопшти дека регистрира 12 оздравени и 22 нови случаи со ковид 19 во Општина Велес. Со последните, бројката на активни се искачи на 305 случаи и на 6098 заболени од почетокот на пандемијата.
Убавка Јаневска