Почина велешанец од Ковид-19 во Општа болница Велес
Објавено на 29 декември, 2021 во 14:15
Велешанецот бил на 83 годишна возраст. Во изминатите 24 часа во болницата бил примен само еден нов пациент со кого вкупниот број на пациенти кои се лекуваат од Ковид-19 изнесува 23. Од нив 10 се позитивни, четворица не се потврдени и девет се со негативни резултати, но ним сеуште им е потребна здравствена помош и нега.
– Од вкупниот број на пациенти 14 се на кислородна поддршка. Исто така 14 се хоспитализирани на Инфективно и девет на Интерно одделение, рече д-р Елена Левкова Ќулумова портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
Од болничко лекување испуштен е еден пациент.
Убавка Јаневска