Почина велешанец позитивен на ковид-19
Објавено на 11 август, 2021 во 14:21
По тринаесет дневно лекување во велешката болница, почина маж на 65 годишна возраст како последница од ковид-19.
Според портпаролката на Општа болница Велес Д-р Елеонора Јованова, на Инфективно одделение се лекуваат тројца пациенти, сите позитивни на коронавирусот. Од болничките пациенти еден е на кислородна поддршка.
Од велешката болница испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Стефани Манева