Под сомнение за шверц на брендирана облека уапсени две лица, Демиркапиец и Кумановка
Објавено на 2 јануари, 2025 во 12:12
Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Министерство за внатрешни работи вчера, во 15:05 часот ги лишиле од слобода В.А.(54) од Демир Капија и 48-годишната А.Д. од Куманово.
-На бензинска пумпа во близина на село Каласлари, велешко, при преглед во патничко возило „бмв“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од В.А., а сопатник била А.Д., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња брендирана облека, за кои не поседувале документација. В.А. и А.Д. биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева