Полицијата лиши од слобода двајца крадци додека извршувале кражба во Кавадарци
Објавено на 27 февруари, 2025 во 10:52

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци ноќва, триесет минути по полноќ, ги лишиле од слобода Т.Б.(27) и П.А.(27) од Кавадарци.
Тие биле фатени веднаш по извршување „тешка кражба“ во паркирано товарно возило и работна машина во Кавадарци, при што одзеле нафта и други предмети. Во возилото во кое се превезувале било проанјдено одземеното,а лицата биле задржани во полициска станица.
Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ангел Данов
