Полицијата осомничи велешанец за потпалување на возило „ауди“
Објавено на 11 март, 2025 во 14:19

Сектор за внатрешни работи Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против М.Д.(22) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.
„Тој се сомничи дека на 9 јануари 2025 година, на улица „Тодор Јанев“ во Велес, со бензин предизивкал пожар на паркирано патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Е.Џ.(28) од село во општина Чашка. По преземени мерки, со пријавениот бил извршен службен разговор, при што тој го признал делото,“ пишува во соопштението за јавност на СВР Велес.
Дума.мк
