Поради марихуана малолетен Неготинец на распит во полициска станица, во кавадаречко Ваташа физички нападната жена

Објавено на 21 септември, 2023 во 12:22

Двата настани се случиле вчера и се регистрирани во полицискиот билтен.

Малолетниот Неготинец бил приведен во Полициската станица Неготино, околу 21:30 часот, каде во присуство на родители, бил извршен службен разговор поради пронајдена и одземена марихуана.

Од Секторот за внатрешни работи Велес соопштија дека по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок како и дека по расчистување на вториот случај ќе поднесат соодветна пријава за напаѓачот над В.Б.(54) од село Ваташа.

Педесет и четири годишната Кавадарчанка во Полициска станица пријавила дека вчера, околу 13:15 часот, во село Ваташа, била физички нападната од Б.Т.(55) од истото село.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.