Пренасочување на сообраќајот кај клучката Градско на автопатот Е-75

Објавено на 18 ноември, 2021 во 09:29

Во наредните седум месеци ќе има пренасочување на сообраќајот поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново. Кај клучката Градско на автопатот Е-75, ќе може да се вози по возната сообраќајна лената и лентата за застанување, додека нема да може да се вози по сообраќајната лента за претекнување.

Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75 и во правец кон граничен премин „Богородица“  и на граничен премин „Табановце“, соопшти Авто Мото Сојуз на Македонија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.