Приведен во Полициска станица маж од Чашка кој на сила ја внел во автомобил малолетната, поранешна девојка

Објавено: 26 август, 2026, во 13:05 часот

Настанот се случил ноќеска, еден час по полноќ, во Велес каде дваесет и едно годишниот жител на Чашка на сила ја внел малолетничката во автомобилот кој што го возел.

„На 26.08.2026 во 01:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.О.(21) од Чашка. Според пријавеното на очевидци, тој без нејзина согласност ја внел неговата поранешна 17-годишна девојка во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, но по кратко време полициски службеници го запреле возилото, по што Б.О. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.