Приведени двајца мажи за копањето земја во Башино Село
Полицијата ги лиши од слобода четириесет и шест годишниот С.И од село Бузалково и единаесет години помладиот М.Ј од Велес којшто вчера копаа земја на улица „Браќа Петковиќ“ во Башино Село.
Според МВР тие биле затекнати со работна машина – багер со што предизвикале оштетување на водоводна инсталација, односно ја прекинале доводната цевка со што настанал прекин на водоснабдувањето во селото.
Увид на местото извршила екипа од Сектор за внатрешни работи Велес и лицата биле приведени во полициска станица. Исто така, од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот во консултација со Јавен обвинител против двајцата мажи ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инаку, по пет часа целосен прекин на водата за пиење во ова населено место, жителите соопштија дека, вчеравечер, во 19:00 часот протекле славините за вода во нивните домови.
Стефани Манева