Приведени во полиција двајца велешани за кинење на плакати на кандидат за градоначалник
Објавено на 7 октомври, 2021 во 11:44
Дваесет и пет годишниот Б.Н и единаесет години постариот Љ.П од Велес, завчера, 5 октомври, околу 22:40 минути, на улица „Ѓоре Органџиев“ во Велес, биле лишени од слобода од страна на полициски службеници, поради тоа што биле забележани како кинат плакати на кандидат за градоначалник на Велес.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева