Родено стотото бебе во кавадаречката Општа болница, скоро три месеци предходно во однос на минатата година

Објавено на 2 јули, 2025 во 12:13

Општа болница Кавадарци преку фејсбук профилот, вчера доцна попладне, соопшти дека родено е 100 по ред бебе во оваа јавна здравствена установа. Оттаму додадоа дека бележат континуиран раст и напредок.

„Со особена радост и гордост ја информираме јавноста дека денеска на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница во Кавадарци се роди 100 бебе за оваа календарска година. Овој значаен момент претставува уште еден показател за континуираниот развој и зголемената доверба што пациентите ја имаат во нашата установа, соопштија од Болницата со проширена дејност. 

Според статистиката што ја соопшти болницата во 2023 година, 100 бебе било родено на 27 септември додека минатата година тоа се случило на 21 септември. Според нивната споредба статистиката покажувала на значаен пораст на бројот на породувања во болницата.

„Овие бројки говорат за сè поголемата доверба што жителите на Кавадарци и поширокиот регион ја имаат во нашиот стручeн тим и современите услови што ги нудиме. Одделението за гинекологија и акушерство е во постојан напредок – со подобрени болнички услови, нова медицинска опрема и постојани едукации на кадарот. Секоја нова рожба е причина за радост, а 100. бебе за 2025 година е симбол на континуитетот, квалитетот и зголемената грижа што им ја нудиме на мајките и новороденчињата, пишува во објавата на ФБ од кавадаречката Болницата. 

Оттаму додаваат дека „ЈЗУ Општа болница – Кавадарци останува посветена на унапредување на здравствените услуги и обезбедување на безбедна и хумана грижа за сите пациенти“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.