Се комплетира Совет на Општина Велес, Наков на местото на Јаневски а претходно Миланов го замени Гајдов
Новиот член на советот е Никола Наков. Тој денеска на 52 седница даде свечена заклетва и стана дел од општинскиот совет. Наков доаѓа на местото на советникот Даниел Јаневски кој по заминувањето на претседателот Зоран Љутков на министерската фунција го презеде претседателувањето на Советот на Општина Велес.
Никола Наков е дипломиран менаџер по бизнис и логистика и работи во приватна осигурителна фирма. Тој доаѓа од листата на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.
Замена во составот на Советот имаше и во редовите на СДСМ и коалицијата. На местото на советникот Кирил Гајдов, дојде следниот на листата, Трајче Миланов кој даде свечена заклетва на 51 седница и стана дел од советничката група на СДСМ.
Триесет годишниот Трајче Миланов е Магистер по технички науки од областа на геодезијата. Вработен е во ЈП ЖРСМ – Инфраструктура во Скопје на моментална позиција раководител на ЗОП Велес.
Кирил Гајдов си поднесе оставка од советничката функција по поразот на партијата на претседателските и парламентарните избори 2024. Гајдов беше и координатор на оваа советничка група а за негова заменичка е назначена советничката Пандорка Прличкова.
Убавка Јаневска