Сестра и фрлила врела вода во лице на сестра за што приведена е во полиција
Објавено на 23 февруари, 2025 во 12:15

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 13:40 часот ја лишиле од слобода 30 годишната Ф.А затоашто и фрлила врела вода на шест години помладата сестра. Тоа се случило по меѓусебно недоразбирање помеѓу сестрите.
Лицето Ф.А била приведена во Полициска станица. Известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот против Ф.А ќе биде поднесен соодветен поднесо, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска
