Со ноќен радар, синоќа, „уловени“ 21 возачи кои возеле побрзо од пропишана брзина во Велес, во Кавадарци и во Неготино

Објавено на 7 септември, 2021 во 12:08

Полициски службеници на СВР Велес на подрачјето на секторот, синоќа, од 20:00 часот до 24:00 часот, спроведоа засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Акциската контрола се спровеле со ноќен радар.

Притоа, санкционирани се вкупно 21 возачи, од кои пет во Велес, два во Кавадарци и 14 во Неготино.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.  

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.