Судиите и нотарите во Велес разговараа за побрзо решавање на оставинските предмети на граѓаните

Објавено: 6 ноември, 2025, во 15:25 часот

Работниот состанок се одржал на иницијатива на Основен суд Велес со цел да се разгледа сосотојбата со бројот на новопримени и на стари нерешени оставински предмети, коишто се доделени за работа на нотарите, како повереници на судот, особено по пензионирањето на нотар Елена Мартинова.

На состанокот се истакна потребата од продолжување на тенденцијата на решавање на предметите и совладување на приливот на оставинските предмети по кои постапуваат нотарите. Се разгледа и новонастанатата состојба со престанок на вршење на нотарска служба на нотар Елена Мартинова од Велес и бројот на предмети кои беа предадени во работа на друг нотар поради заеднички консултации околу објективна можност за решавање на предметите и совладување на приливот на овој вид на предмети, кои реално ќе влијае на ажурноста на судот во постапувањето, а особено поради краткиот период до крај на годината,“ соопшти Основен суд Велес.

Работниот состанок завршил со заеднички предлог да се одржуваат почести состаноци за размена на мислења, решавање на одредени спорни прашања и евентуални проблеми со цел за брзо и ефикасно спроведување на започнатите оставински постапки.

На работниот состанок учествувале претседателката на Основен суд Велес, судија Валентина Ѓорѓиевска, претседателот на граѓански оддел, судија Дара Арсова и нотарите Тања Аспорова, Елеонора Андреев, Магдалена Ордева, Душко Јованов, Анида Цецева и Радица Хаџи Петрушева Арсовска.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.